full screen background image
Search

Користете Google Maps за да го следите интензитетот на сообраќајот во Скопје!

Дали знаете дека преку Google Maps можете да го следите интензитетот на сообраќајот во нашиот главен град во реално време, но и многу повеќе од тоа!

Google Maps апликацијата за мобилни уреди (но истото можете да го направите и на обичен компјутер, како и на таблет) ви овозможува во реално време да го следите интензитетот на сообраќајот во Скопје и да идентификувате места кои се „заглавени“ за да можете полесно да стигнете до вашата дестинација. Секако, ова не е нова технологија, и во многу земји веќе одамна се користи, но сепак е интересно да се разгледа како тоа изгледа и кај нас.

Дополнително, покрај следењето на сообраќајот во реално време (погодувате, оние места означени во црвена боја индицираат зголемен интензитет на сообраќајот), можете да следите и трендови – односно, наместо во реално време да видите каков е интензитетот на сообраќјот во одреден ден и час во неделата. Достапни се интервали за секој ден во неделата, но од 6 часот наутро до 22 часот навечер

Па така, интензитетот на сообраќајот во Понеделник наутро околу 9 часот, изгледа вака:

Од друга страна, сообраќајот во Скопје во Недела наутро во 9 часот изгледа вака:

Секако, можете и самите да одберете за кој ден и кој период од денот ве интересира, во согласност со вашите потреби. Интересно е да се видат навиките на Скопјани, но и лесно се препознаваат трендови на интензивиран сообраќај, како и класичните „тесни грла“ кои сите добро ги познаваме.

За да разгледате самите како изгледа сообраќајот во Скопје, кликнете тука, или пак изберете ја Traffic опцијата на Google Maps апликацијата на вашиот мобилен телефон.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.