Претставен и динамичниот Skoda Kodiaq Sportline – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен и динамичниот Skoda Kodiaq Sportline

По робустниот Kodiaq Scout, денес Skoda го претстави подинамичниот Kodiaq Sportline – наменет за оние кои сакаат подинамичен и позабележлив SUV со спортски дух!

Sportline пакетот наменет за Kodiaq е козметички додаток кој на големиот чешки SUV му дава подинамичен лик. Маската на ладилникот, кровните носачи, страничните ретровизори и украсните лајсни околу прозорците се црни, а некои детали се во сребрена боја. Сето ова му дава на големиот SUV малку поспортски лик кој се дополнува со големите 19 или 20-инчни тркала.

Ентериерот исто така добива неколку дискретни спортски детали – Sport ниво на опрема во ентериерот, сребрени опшивки на тапацирите и управувалот и уште некои ситници. Понудата на мотори е иста како кај Kodiaq Scout – започнува со 1.4-литарскиот TSI со 150 коњски сили, па 2-литарскиот TSI со 180 коњски сили, како и 2-литарскиот TDI со 150 или 190 коњски сили. Секој Kodiaq Sportline ќе доаѓа со Haldex спојка за погонот на сите четири тркала. Веќе почнува да се шпекулира и за Kodiaq RS кој би требало да го добие 2-литарскиот BiTDI на Volkswagen групацијата кој и спорачува 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.

Исто како Kodiaq Scout, новиот Kodiaq Sportline ќе биде официјално претставен на саемот на автомобили во Женева на почетокот на Март.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.