full screen background image
Search

Започна производството на новата Nissan Micra

По неколкугодишна пауза, Nissan Micra повторно се произведува во Европа – и тоа во фабрика на Renault/Nissan во Flins, Франција.

Новата Nissan Micra се произведува во истата фабрика на Renault во која се произведуваат и Clio и Зое. Петтата генерација на Micra повторно се произведува во Европа, по неколкугодишна пауза, а на клучните пазари ширум стариот континент ќе пристигне на средината на Февруари.

All-New Nissan Micra start of production

„Почетокот на производството на новата Micra е момент за прославување, бидејќи го олицетворува духот на соработка кој постои низ Renault-Nissan алијансата“ – изјави претседателот на Nissan Europe, Paul Willcox – „го издигнавме европскиот сегмент на компактни автомобили на ново ниво, преку фокусирање на она што купувачите навистина го сакаат денес, но и го очекуваат утре.“

Micra беше официјално претставена минатата година во Париз, и е прв модел во сегментот кој носи напредни технологии кои вклучуваат следење на слепата точка, 360-степенска камера, автоматски долги светла и препознавање на сообраќајни знаци. Луѓето од Nissan го истакнуваат и новиот, 7-инчен мултимедијален уред како и Bose премиум аудио уредот.

All-New Nissan Micra start of production

Micra ќе се нуди со три погонски единици – 0.9-литарски турбо-бензинец со 90 коњски сили, 1-литарски атмосферски бензинец со 73 коњски сили и 1.5-литарски dCi турбодизел, кој исто така нуди 90 коњски сили. Се надеваме дека новата Micra наскоро ќе пристигне и кај нас и дека ќе имаме можност подобро да ја запознаеме.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.