full screen background image
Search

B&B Automobiltechnik го засили Volkswagen Golf GTI Clubsport S на 473 кс!

Германската тјунинг компанија B&B Automobiltechnik создаде тјунинг пакет за актуелниот крал со преден погон на Нирбургринг – VW Golf Clubsport S, кој значително ги подобрува неговите перформанси.

Во стандардно издание, Golf GTI Clubsport S располага со 306 кс, а овој тјунинг пакет ја заменува таа бројка со 473 кс и 620 Nm вртежен момент. Компанијата тврди дека овие надградби го скратуваат забрзувањето од фабричките 6.3 секунди на 4.5 секунди, додека брзината од 200 км/ч се достигнува за 12.8 секунди, наместо стандардните 22.5 секунди. Максималната брзина е порасната на 285 км/ч, во споредба со вообичаените 250 км/ч.

За постигнување на овие перформанси тјунерот мора да инсталира цел асортиман на делови кои чинат 12,950 евра. Пакетот содржи модификуван довод за воздух кој испраќа повеќе кислород кон поголемиот турбо полнач, како и поголем ладилник кој му дозволува на системот да вози на зголемен буст. Пумпата за гориво со поголем капацитет и подобрените вбризгувачи обезбедуваат моторот да не остане никогаш без доволно бензин. Новиот издувен систем и спортскиот катализатор го намалуваат издувниот притисок, а B&B Automobiltechnik исто така препорачуваат додавање на дополнителен ладилник за маслото кој чини 1,298 евра.

vw-golf-gti-clubsport-s-by-bb-automobiltechnik-3

За оние кои сакаат и подобрување на управувањето на автомобилот, Германскиот тјунер може исто така и да ја зголеми стабилноста. Овој пакет содржи нови пружини кои скратуваат 30 милиметри од растојанието до подлогата, а истите можат да се комбинираат со KW V3 амортизери кои се грижат за отскокнувањето на моделот. Опционалните 342-милиметарски предни дискови овозможуваат подобрена моќ за сопирање и се монтираат зад фабричките тркала, додека за поголемите 370-милиметарски дискови се потребни најмалку 19 инчни фелни за да можат да се сместат.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Volkswagen го лансираше својот прв електричен SUV - новиот ID.4!

Ова звучи како навистина импресивен пакет и ние би сакале тјунираниот модел да го видиме колкава разлика ќе направи на „Зелениот Пекол“ во споредба со стандардниот Clubsport S.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.