full screen background image
Search

Polestar ќе работи и на електрифицираните модели на Volvo!

Шведскиот производител потврди дека Polestar огранокот ќе „поработи“ и на електрифицираните и електричните возила кои Volvo ќе ги понуди на пазарот.

Според претседателот на Volvo Cars North America – Lex Kerssemakers – Polestar дивизијата ќе ги искористи тркачкото искуство и експертизата добиена од правење на „цивилните“ Polestar модели за да понуди интересни и (пред сè) забавни верзии на електрифицираните модели на брендот.

volvo-s60-polestar2

„Сè уште сме во процесот на откривање како можеме да го искористиме Poelstar како маркетинг алатка и да го дефинираме циклусот кој ќе го лансираме со него. Знаеме дека ќе биде за возила ориентирани кон перформансите, но тие ќе го рефлектираат она што ние го нудиме од перспективата на погоните. Тоа значи дека електрификацијата ќе игра екстремно важна улога во иднината кога ќе зборуваме за Polestar возилата.“ – изјви Kerssemakers.

Дополнително, тој додаде дека иако Polestar е „сличен со BMW M и Mercedes-AMG, сепак фокусот нема да биде кон налудничави перформанси, туку кон возила кои можат да се користат секој ден.“ Ние неодамна имавме можност да поминеме малку време со Volvo S60 Polestar – и верувајте ни, ваквиот став е за поздравување!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.