full screen background image
Search

BMW оди на SEMA со цел куп M Performance додатоци и возила!

За овогодинешната SEMA во Лас Вегас, BMW подготви цела гама на М Performance додатоци за своите возила, а ќе ги презентира преку M2, M3, X5, 340i и огромен 740е xDrive iPerformance!

Своја премиера ќе има новиот аеродинамички бодикит за BMW M3, но и новите M Performance тркала од лесна легура. Понатаму, BMW ќе претстави и нова суспензија за M3 и M4, но и M Performance Power & Sound пакет. Овој пакет наменет за 340i и 440i  нуди зголемување на моќноста за 35 коњски сили и 52 Nm – на вкупно 355 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. M Performance ќе понуди и заден спојлер за M3 и M4 целосно изработен од карбон.

Баварците подготвија и уникатно М2 безбедносно возило кое е наменето за користење како безбедносно возило на трки, но подготвија и пакет додатоци за популарниот X5. Секако, не можеше да се случи да ја заборават големата Серија 7, која добива уникатна боја, специјални тркала и грст додатоци на екстериерот и ентериерот, но и специјален издувен систем и други интересни додатоци.

Всушност – погледнете ги фотографиите!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.