full screen background image
Search

Новите Continental WinterContact TS 860 зимски пневматици претставени на македонскиот пазар

Производителот на премиум пневматици ја презентираше својата најнова генерација на зимски пневматици со ознаката WinterContact TS860 на македонскиот пазар!

Ние тука во CARclub сме жестоки поборници на користење зимски пневматици кога условите ги побаруваат, па ни беше особена чест да присуствуваме на официјалната презентација на Continental WinterContact TS 860 на македонскиот пазар.

Оваа зима познатиот светски премиум производител на пневматици Continental на нашиот пазар ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860. создадени за компактни возила и за возила од средната класа вистински прилагодливи на сув, на влажен зимски коловоз како и на замрзнат коловоз покриен со снежна покривка.

continental-ts-860-4

WinterContact TS 860 се најавува како негов ексклузивен наследник, пневматик создаден по најнова технологија, вистински прилагодлив на сув, влажен, замрзнат и снежен коловоз обезбедувајќи сигурен и постојан притисок на патот. Зимите во централна Европа се главно ладни и влажни со десет врнежливи денови во текот на еден месец во периодот од октомври до март. Со температури околу 0 степени целзиусови, тоа значи зголемен ризик од замрзнати патишта кои се многу чест причинител за сообраќајни несреќи. Затоа спецификациите на новите WinterContact TS 860 се фокусираат да обезбедат максимална безбедност особено на влажни и замрзнати коловози.

continental-ts-860-2

Со лансирањето на WinterContact TS 860, Continental лансира нов зимски специјалист за компактни возила и за возила од средната класа. Во поглед на безбедноста новите пневматици носат вистински прогрес:

  • нивните перформанси за време на сопирање на влажни зимски патишта се за дури 5 % подобри од нивниот претходник ContiWinterContact TS 850;
  • растојанијата на сопирање се за 4% пократки на мраз;
  • има значителни подобрувања на квалитетот на управување и возење во услови на снег;
  • километражата и отпорот на триењето се рамо до рамо со успешниот претходник.

EU Tire Label ги оценува новите пневматици на Continental со рејтинг C за отпорот на триење и со рејтинг B за справувањето со влажни патишта. Што значи дека од следната есен, овие зимски гуми за компактни возила и за возила од средната класа постепено ќе ги заменуваат исклучително успешните ContiWinterContact TS 850.

continental-ts-860-3

Во рамки на глобалната ситуација на пазарот за производство на компактни и возила од средна класа Continental гледа добра иднина за своите нови зимски пневматици. Имено додека побарувачката за 14-инчни пневматици опаѓа, а европскиот пазар за 15-инчни достигна до околу 20 милиони единици, Continental очекува зголемување на побарувачката за 16 и 17 инчни пневматици во текот на следните неколку години.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.