Вечерно Кино: Дрифт на тркачка патека со Red Bull Holden Commodore – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Дрифт на тркачка патека со Red Bull Holden Commodore

Red Bull Racing Australia создаде специјален дрифт автомобил од тркачкиот Holden Commodore и го претстави во одлично видео.

Овој автомобил учествува во Австралискиот шампионат од класата V8 Supercars, но за потребите на ова видео бил преработен со цел да може да влегува во свиоците со пролизгувања под многу поголем агол. Неговиот 5.0-литарски V8 агрегат со 650 кс бил доволно силен и останал недопрен, но измени претрпеле тркалата и рачната сопирачка, а монтирани биле додатоци на полумесеците од тркалата и зголемен бил аголот на вртење на тркалата за 15% од вообичаениот тркачки автомобил.

Позади неговиот волан вештините ги прикажува дрифт возачот Ван Гисберген, кој е веќе докажан во австралиските и ново зеландските дрифт шампионати, а токму затоа Red Bull го одбрале токму него за оваа улога.

Погледнете го големиот седан како ги претвора неговите пневматици од тврда во гасна состојба и уживајте во видеото!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.