Електричниот автомобил на Maserati ќе биде нешто досега невидено! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот автомобил на Maserati ќе биде нешто досега невидено!

Италијанскиот производител најави дека подготвува електричен автомобил – но и дека тоа што ќе го понудат ќе биде нешто сосем ново на пазарот!

Maserati се најдобро познати по импресивните луксузни спортски автомобили, но во 2019 или 2020 италијанскиот производител на своите клиенти и фанови ќе им понуди нешто ново и несекојдневно – а тоа е електрично возило. Сепак, луѓето од Maserati се свесни дека конкуренцијата во тој сегмент ќе биде силна, па бидејќи малку ќе задоцнат, подготвени се да понудат нешто различно.

Всушност, главниот инженер на Maserati – Roberto Fedeli – изјави за Car & Driver дека Maserati не само што ќе понуди електрично возило, туку дека нивното електрично возило ќе биде подобро од конкуренцијата.

„Ќе бидеме последни, па мораме да пристигнеме на пазарот со нешто различно“ – изјави Fedeli и додаде – „Навистина различно. Да се бориме со Tesla не е добра идеја. Мислам дека продуктите на Tesla не се најдобри на пазарот, но тие продаваат 50.000 возила годишно. Изведбата и квалитетот на продуктите на Tesla се на како германските производители од 70-тите години. Нивните решенија не се најдобри.“

Тоа се храбри зборови, но сепак Fedeli откри некои ситни детали – а дел од формулата да се понуди најдобар продукт е тој да „се чувствува како Maseratio.“ Тој зборуваше за електричните возила на денешницата и изјави – „забрзување (до 100 километри на час) за помалку од три секунди – и тоа се сите емоции кои ги нудат. По тоа, нема ништо. Електричното возило е различно и ние мораме да му дадеме Maserati идентитет.“

Поврзано:   Maserati го претстави новиот GranCabrio

Интересно и храбро, зарем не?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.