full screen background image
Search

Париз 2016: Renault Trezor го најавува новиот дизајнерски јазик на брендот

Францускиот бренд настапи на домашен терен со концепт за целосно електричен футуристички гранд турер наречен Trezor.

Новиот Trezor претставува наследник на концептот DeZir од пред шест години, и исто како него го најавува претстојниот дизајнерски јазик на наредните модели од брендот. Се одликува со форма на прекрасен GT со две седишта со долга и ниска каросерија од карбон, како и црвени стаклени површини кои даваат интересен контраст. Возилото има екстремно долг поклопец на моторот и истакнати “мускулести ” странични крила кои вдомуваат големи 21-инчни предни и 22-инчни задни тркала.

Екстремно аеродинамичниот концепт може да се пофали со коефициент на воздушен отпор од само 0.22, додека монокок шасијата и спектакуларниот поклопец за влез во кабината се направени од јаглеродни влакна со цел да се задржи ниската тежина од само 1,600 килограми, што не е воопшто лошо кога ќе се земе во предвид дека концептот има електричен погон и се протега во должина од 4.7 метри.

awfage

Во кабината има доволно простор за две лица, кои добиваат пристап до неа со отварање на едноделниот поклопец. Најизразениот елемент од ентериерот е масивниот заоблен OLED дисплеј кој користи Corning Gorilla Glass за да обезбеди заштита од гребнатини. Trezor исто така може да се пофали со технологија за автономно возење, која кога е вклучена го отстранува воланот за да му даде на возачот панорамски поглед кон контролната табла.

Што се однесува до погонот, најновиот концепт на Renault користи целосно електричен погон преземен од нивниот Formula E автомобил, кој во ова издание испорачува 350 кс и 380 Nm вртежен момент кон задните тркала. Тоа е доволно за да му овозможи на Trezor забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 4 секунди. Максималниот опсег не е објавен, но познато е дека инженерите го опремиле моделот со две големи батерии со воздушно ладење, од кои едната е сместена во предниот, а другата во задниот дел со цел да се обезбеди оптимална распределба на тежината помеѓу двете оски.

Поврзано:   Официјално: Сите детали за новиот Renault Twingo Electric

Иако е премногу спектакуларен за да се претвори во сериски автомобил, Trezor е навистина возбудлив начин за да се произнесе претстојниот дизајнерски пристап на Renault.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.