Париз 2016: Mitsubishi GT-PHEV Concept нуди храбар поглед кон следниот Outlander – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Париз 2016: Mitsubishi GT-PHEV Concept нуди храбар поглед кон следниот Outlander

Mitsubishi го претстави најавениот GT-PHEV Concept на саемот во Париз – и храбро ја најавува следната генерација на Outlander.

Силата на GT-PHEV Concept доаѓа од plug-in хибриден електричен погон. Оваа конфигурација комбинира батерии од 25 kWh сместени под подот, еден електричен мотор во предниот дел, два електрични мотори во задниот дел и 2.5-литарски бензински мотор кој служи како генератор во нормални услови на возење.

Во целосно електричен режим, Mitsubishi вели дека концептот може да помине 120 км со едно полнење, а опсегот во тој момент се продолжува до 1,200 км со вклучување на бензинскиот мотор.

awfaagwga

Бидејќи возилото користи одделни електрични мотори за предната и задната оска, има погон на сите трката и torque vectoring систем како дел од славниот Active Yaw Control систем на компанијата. Ова значи дека кога едно тркало ќе изгуби контакт, вртежниот момент се испорачува кон друго тркало за да се оптимизира тракцијата.

Во кабината, GT-PHEV Concept се одликува со ентериер кој изгледа како да е подготвен за производство. Ова значи дека содржи конвенционален волан со четири краци и централна конзола со темно црвени и црни елементи. Исто така, ентериерот содржи целосно дигитална инструмент табла која ги прикажува сите главни информации за возилото. Овој екран е придружен со два странични монитори кои ги користат страничните камери на возилото за да прикажат што има позади него. Тука е исто така и head up дисплеј и панорамски покрив.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.