full screen background image
Search

Париз 2016: Land Rover официјално го претстави новиот Discovery

По неодамнешната најава и првите објавени детали, Land Rover во Париз официјално го претстави новиот Discovery!

Англичаните се горди на новиот Discovery – бидејќи е замислен да понуди комфор, безбедност и прилагодливост како ниту еден друг SUV на светот, тие најновата, петта генерација на големиот SUV ја нарекуваат „најдобриот фамилијарен SUV на светот.“

Во ред, тоа се храбри тврдења, но да започнеме од новата алуминиумска конструкција – новиот Discovery е цели 480 (!!) килограми полесен од својот претходник – а тоа значи подобрена агилност, зголемен комфор и намалена потрошувачка. Интересно е што визуелно, новиот Discovery успешно се навраќа  на својата 27-годишна историја, а наликува и на Discovery Vision концептот кој Land Rover го претстави во 2014. Во ентериерот секој ред седишта е поставен малку повисоко од оној пред него, а автомобилот доаѓа со цела гама на нови технологии – асистенција при паркирање, систем за следење на мртвата точка, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци, автоматско ограничување на брзината, следење на состојбата на возачот, и уште многу, многу други безбедносни системи. Вреди да се напомене дека новиот Discovery ќе доаѓа со дури 9 (!!) USB слотови, можност за 3G Wifi хотспот, и можност за влечење на дури 3500 килограми!

Новиот Discovery може да биде до 283 милиметри оддалечен од подлогата, и може да се движи низ вода длабока 90 сантиметри. Секако, тука се и технологиите за справување со нерамен терен, па Discovery ќе подготвен да се соочи со секакви услови на патиштата и надвор од нив. Да не беше така, не би бил Land Rover. Купувачите во Европа ќе можат да изберат меѓу 3-литарски компресорски бензинец кој испорачува 340 коњски сили, 3-литарски турбодизел V6 кој нуди 255 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, но и нов, 2-литарски Ingenium турбодизел кој испорачува 240 коњски сили!

Поврзано:   Новиот Land Rover Defender е прогласен за Светски Автомобилски Дизајн на Годината



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.