Производителот на моторни масла Pennzoil продолжува со објавување на одлични видеа, од кои најновото се одвива во Канадската тундра со BMW M6.
Ако се прашуваме ние, одделот за маркетинг на Pennzoil е тој кој би требало да биде задолжен за снимање на секоја Холивудска сцена поврзана со брканици со автомобили. Во секое нивно видео, тие успеваат да ги истакнат најважните моменти во возењето, како што се пролизгувањето, промената на брзините, подигнувањето на сказалките и многуте останати моменти кои му даваат душа на автомобилот. Главниот глумец во овој видео клип е BMW M6, кој ги расфрла неговите 560 кс низ снежните живописни предели и замрзнати езера.
Погледнете го видеото и уживајте!