full screen background image
Search

Mercedes-Benz влегува во нови води со E-Class All-Terrain!

Mercedes-Benz досега немаше свој натпреварувач во сегментот на луксузни каравани со теренски амбиции – но гамата на модели базирани на Е-класата од денес го нуди токму тоа!

Новата E-Class All-Terrain доаѓа со воздушна Air Body Control суспензија со повеќе комори, па автомобилот може да биде до 35 милиметри подалеку од подлогата. Со ова, робустната Е-класа може да биде до вкупно 156 милиметри оддалечена од подлогата – а тоа значително ги зголемува теренските можности на големиот караван. Секако, и 4MATIC системот за погон на сите четири тркала е дел од приказната, а според Ola Källenius од управниот одбор на Mercedes-Benz „досега ниту една Е-Класа не била толку талентирана во различни сегменти како што е E-Class All-Terrain.“

4MATIC системот за погон на сите четири тркала е специјално преработен за неговата имплементација во E-Class All-Terrain, a големите, 19-инчни гуми имаат повисок страничен ѕид за да можат полесно да се справат со предизвиците. Во Dynamic Select менито, купувачите ќе можат да одберат All-Terrain режим, кој го подготвува автомобилот за теренско возење со прилагодување на ESP системот и останатите системи за асистенција.

На самиот почеток, E-Class All-Terrain ќе се нуди само со еден мотор – 2-литарски турбодизел кој испорачува 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе се нуди во комбинација со 9G-Tronic автоматски менувач. Перформансите се сосем респектабилни – 100 километри на час се постигнуваат за рамно 8 секунди, а максималната брзина е 232 километри на час. Овој модел ќе ја носи ознаката E220d 4Matic All Terrain, а понатаму во гамата ќе биде додаден и E350d.

Поврзано:   Тестирањето на Mercedes-AMG Project One влегува во возбудлива фаза!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.