full screen background image
Search

Hyundai го претстави освежениот i10 пред премиерата во Париз

Освежениот i10 ќе ја има својата официјална премира во Париз следниот месец, но Hyundai веќе го претстави затегнатиот градски автомобил.

Измените се дискретни, но доволно го освежуваат малиот i10 за да остане компетитивен меѓу силната европска, јапонска, но и домашна конкуренција. Освежениот i10 ќе добие нова педна маска со нови LED дневни светла, нов преен и заден браник, како и нови алуминиумски фелни. Изменет е и дизајнот на задните светлосни групи кои сега изгледаат поавантгардно.

Сепак, најголемите измени се во кабината на малиот i10 – сега ќе може да се добие 7-инчен мултимедијален уред кој е чувствителен на допир и ќе нуди навигација, Apple CarPlay и Android Auto. Дополнително, мултимедијалниот уред ќе има 7-годишен бесплатен пристап до системот на Hyundai за мониторирање на сообраќајот во реално време.

Кога веќе зборуваме за новите технологии, вреди да се истакне дека новиот i10 ќе биде меѓу ретките автомобили во класата кои имаат преден систем за предупредување од незгода, како и систем за следење на сообраќајната лента. Понудата на мотори останува иста – 1.0 или 1.25 литарски бензинец кои ќе можат да се комбинираат со 5-степен мануелен или 4-степен автоматски менувач.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.