Volkswagen најавува електричен автомобил – ќе има автономија од 480 км со само 15-минутно полнење! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen најавува електричен автомобил – ќе има автономија од 480 км со само 15-минутно полнење!

Германскиот концерн се подготвува да понуди вистинска револуција меѓу електричните возила – во Париз ќе претстават компактен хечбек кој со само 15-минутно полнење ќе има автономија од 480 километри!

Според официјални претставници од Volkswagen кои зборуваа за германскиот магазин WirstschaftWoche, Volkswagen ќе го претстави својот електричен автомобил од следната генерација во Париз во Октомври. Најавите сугерираат дека ќе се понуди автомобил со димензии на Golf, но ентериер инспириран и со димензии на Passat. Сепак, она што е најважно  и најимпресивно е брзината на полнење кон која целат инженерите на Volkswagen – ставете го автомобилот на полнач само 15 минути и би требало да добиете автономија од 480 километри.

Претседателот на Volkswagen Group – Matthias Muller – веќе го потврди овој план за Autocar. Тој додаде дека цената на електричното возило би требало да биде пониска од споредлив автомобил со мотор на внатрешно согорување – и ќе биде меѓу првите вакви автомобили во сериско производство, бидејќи електричните изведби на возилата обично се значително поскапи од обичните. Според амбициозните најави на Muller, автомобилот би требало да се појави на пазарот кон крајот на 2018 или на почетокот на 2019. Сепак, конечниот рок за ваков автомобил се очекува да биде некаде околу 2025-тата година.

Автомобилот ќе биде поставен на MEB (Modular Electric Platform) архитектурата на Volkswagen која беше основа за Budd-E концептот во Јануари. Уште тогаш Volkswagen тврдеше дека Budd-E може да ги наполни своите батерии до 80% за само 15 минути, а неговата вкупна автономија беше 600 километри. Volkswagen веќе најави дека подготвува цела гама на возила базирани на MEB платформата кои ги нарекуваат „New Urban Vehicles“. Гамата на електрични возила ќе вклучува градски SUV, мало комерцијално возило слично на Budd-E концептот, но и голем луксузен седан.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.