full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Hyundai го тестира новиот i30 N!

Корејскиот производител продолжува да го најавува жешкиот i30 N – и овој пат ги нагласува неговите динамични карактеристики.

Во краткото видео ќе го видите (а и ќе го слушнете) новиот Hyundai i30 N како покорува свиоци. Hyundai инвестира многу во новиот i30 N – првиот модел на корејскиот производител кој ќе ја носи ознаката N ќе биде придвижуван од 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој преку мануелен менувач кон предните тркала ќе испорачува околу 260 коњски сили. Според она што можеме да го видиме, моторот влегува „во црвено“ на околу 6700 вртежи во минута и произведува одлични звуци!

Наскоро го очекуваме и финалниот производ, а лансирањето се очекува на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.