Наскоро, припадниците на украинските полициски сили ќе имаат на располагање дури 651 примерок од одличниот хибриден SUV на Mitsubishi – исклучително економичниот и „зелен“ Outlander PHEV.
Нарачката ја објави Министерот за Внатрешни Работи на Украина – Арсен Аваков. Тој потврди дека 651 примерик на Outlander PHEV ќе ги заменат дотрајаните VAV и UAZ полициски возила.

2017 Mitsubishi Outlander PHEV
„Значи, дами и господа, полицајци на Украина – ќе добиете 651 нов автомобил кој истовремено е уникатен, модерен, моќен и еколошки прифатлив. Луѓето на Украина се надеваат дека ќе ја оправдате оваа иновација. Служете со чест и гордост“ – изјави Аваков.
Популарниот Outlander PHEV на Mistubishi доби свој фејслифт минатата година, заедно со класичниот Outlander. Комбинацијата од 2-литарски атмосферски бензинец и два електромотори поставени на предната и задната оска нуди погон на сите четири тркала. Според официјалните податоци троши помалку од пет литри бензин на 100 километри, а со фејслифтот е зголемена и автономијата на електрична енергија која сега изнесува 60 километри.

2017 Mitsubishi Outlander PHEV
Ние добро го познаваме Outlander – минатата година имавме одлична можност да го возиме фејслифтираниот модел, а го познаваме и Outlander PHEV кој имавме можност да го возиме пред неколку години.