full screen background image
Search

Suzuki го освежи SX4 S-Cross

Компактниот кросовер на Suzuki доби освежување пред саемот на автомобили во Париз.

Компактниот кросовер на Suzuki има многу фанови – квалитетот, издржливоста и робустноста се традиционални вредности на јапонскиот производител. Сепак, со фејслифтот на SX4 S-Cross, Suzuki го освежи популарниот кросовер и го доведе во линија со остатокот од моделите во гамата.

Освежениот лик – кој признаваме дека нема да биде по сечиј вкус – носи нов преден браник, нова маска на ладилникот, нови предни светла и нов поклопец на моторот. Истакнатата хромирана маска на ладилникот е наменета да асоцира на тековната Vitara.

Како и предниот, така и задниот дел има претрпено измени, но таму се значително подискретни – малку се изменети задниот браник и светлосните групи. Според најавеното, S-Cross треба да го добие новиот 1.4-литарски Boosterjet турбо-бензинец кој испорачува 140 коњски сили и 220 Nm вртежен момент, а се најавува дека S-Cross можеби ќе го добие и новиот 1-литарски турбо-бензинец. Она што останува непроменето е 1.6-литарскиот турбодизел кој ќе остане најпопуларен избор. Секако, сите мотори можат да се комбинираат со погон на предните или сите четири тркала.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.