full screen background image
Search

Со Mercedes, електричните камиони стануват реалност

Daimler го претстави својот концепт за електрично товарно возило – голем камион кој може да помине 200 километри со едно полнење!

Големиот прототип на Mercedes е базиран на голем три-осовински камион, но со целосно ревидиран погон. Класичните елементи се заменети со електрично-придвижувана задна оска со два електромотори монтирани директно на тркалата. Максималната моќност е 335 коњски сили, а вртежниот момент е дури 1000 Nm.

Mercedes-Benz Trucks; Urban eTruck; Elektro-Lkw; Weltpremiere; Elektromobilität; modulares Batteriekonzept; Verteilerverkehr ;Mercedes-Benz Trucks; Urban eTruck; Electro-Lkw; world premiere; electric mobility; modular battery concept; distribution;

Батериите се состојат од три пакети на литиум-јонски батерии со вкупен капацитет од 212 kWh, благодарение на кои големиот Urban eTruck има автономија од 200 километри – бројка која според Mercedes-Benz е во рамките на типичното возење на еден ваков камион во еден ден. Благодарение на модуларноста на батериите, Mercedes ќе може да додава или одзема батерии, во зависност од потребата.

Mercedes-Benz Trucks; Urban eTruck; Elektro-Lkw; Weltpremiere;  Elektromobilität; modulares Batteriekonzept; Verteilerverkehr ;Mercedes-Benz Trucks; Urban eTruck; Electro-Lkw; world premiere; electric mobility; modular battery concept; distribution;

Mercedes-Benz Trucks; Urban eTruck; Elektro-Lkw; Weltpremiere;
Elektromobilität; modulares Batteriekonzept; Verteilerverkehr ;Mercedes-Benz Trucks; Urban eTruck; Electro-Lkw; world premiere; electric mobility; modular battery concept; distribution;

Urban eTruck користи стандардизиран Combined Charging System конектор за полнење, кој благодарение на моќноста од 100 киловати може да ги наполни батериите од целосно празни до целосно полни за два до три часа. Сепак, ова е само прототип, па се очекуваат значителни подобрувања до официјалното лансирање. Официјалното деби на електричниот камион се очекува на почетокот на следната декада.

Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.