full screen background image
Search

Sergio Marchionne размислува за електрично Maserati Alfieri

Претседателот на Fiat Chrysler Automotive откри дека размислува за електрична верзија на Maserati Alfieri и можноста за ваков автомобил да се појави на пазарот.

Иако Marchionne не е голем фан на електричнитте автомобили, тој сепак признава дека „интересно би било да се искористи еден од идните автомобили во овој сегмент.“ Тој изјави дека „секогаш сметал дека економскиот модел кој го користи Tesla е нешто што Fiat Chrysler би можел да го реплицира, бидејќи го имаат брендот и моделите потребни за тоа.“

Според плановите на FCA, Maserati Alfieri е планиран да се појави на пазарот во 2018, а електрична верзија би следела по неколку години. Сепак, Marchionne сугерираше дека електричното Alfieri би се појавило по неговото пензионирање во 2019.

„Не сум убеден како некои други дека електрификацијата е решение за сите проблеми“ – изјави тој – „Треба да експериментираме како што правиме сега со поврзани возила и мобилност, бидејќи електрификацијата е само еден од можните одговори.“

Бензинското Alfieri ќе биде поставено врз модифицирана и олеснета верзија на платформата на успешиот Ghibli, Quattroporte и Levante. Најверојатно ќе користи и некои од погонските единици. Веќе е најавена хибридна верзија на големиот SUV на Maserati – Levante – па не би било изненадувачки да добиеме и хибридни верзии на Ghibli и Alfieri.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.