full screen background image
Search

Hyundai го претстави Veloster Street Turbo

Наменет исклучиво за австралискиот пазар, Hyundai Veloster Street Turbo добива уникатна боја, многу додатоци и ексклузивен ентериер!

Несекојдневното купе на Hyundai доби интересен пакет наменет (сега за сега) само за купувачите во Австралија. Hyundai реши да ја нарече изведбата Veloster Street Turbo, а веднаш ќе го препознаете по Dazzling Blue Mica уникатната сина боја, 18-инчните RAYS тркала и многуте други додатоци. Меѓу другото, вреди да се истакнат ксенонските светла и деталите во сјајна црна боја кои му даваат доза на спортска агресивност на Veloster.

Слична приказна продолжува и во ентериерот – кабината добива спортски седишта обвиени во кожа, кои имаат и загревање и вентилација. Многу површини во ентериерот имаат сини опшивки, а во сина боја се и безбедносните појаси, внатрешните рачки на вратите и детали од средната конзола. Меѓу стандардната опрема се вбројуваат и 7-инчниот мултимедијален уред со навигација, панорамски кров, електрично нагодливи и преклопливи странични ретровизори, уникатни патосници, отворање без клуч, и уште многу други ситници.

Задолжен за придвижување на Veloster Street Turbo е 1.6-литарскиот четири-цилиндерски турбо-бензинец кој испорачува 201 коњска сила и 265 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон предните тркала преку 6-степен мануелен менувач, а „стотка“ се постигнува за 7.2 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.