full screen background image
Search

Jaguar Land Rover планира цела гама на SVR возила

Според официјални изјави од Jaguar, британскиот бренд планира цела гама на супер-спортски возила кои ќе ја носат ознаката SVR и ќе пристигнат на пазарот во следните неколку години!

Jaguar Land Rover отвори нов технички центар за Special Vehicle Operations дивизијата кој чини 26 милиони долари, и планира максимално да го искористи – со тоа што ќе лансираат цела гама на SVR возила во следните неколку години. Всушност, според John Edwards – менаџерот на SVO – по една нова SVR верзија ќе се лансира секоја година до 2020.

„Нашиот план е придвижуван од желбата за носечки возила и други ексклузивни продукти за клиенти од целата планета. Визијата на SVO е да лансира во просек по еден нов автомобил, следните четири години.“

Од кога е создаден во 2014, SVO дивизијата на Jaguar Land Rover веќе лансираше Jaguar F-Type SVR, Range Rover Sport SVR, уникатниот F-Type Project 7, Range Rover SVAutobiography и спектакуларните E-Type Lightweight модели.

Сега за сега нема официјални најави за конкретните модели на кои SVO ќе им го посвети своето внимание, но веќе се шпекулира дека во подготовка се SVR изведби на XE и XF, но и новиот SUV на Jaguar – F-Pace.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.