full screen background image
Search

Jaguar го претстави новиот F-Type Project 7 со 575 коњски сили!

Спортскиот F-Type на Jaguar е еден од нашите омилени автомобили кои во моментов се продаваат, а британскиот бренд тукушто официјално објави верзија со дури 575 коњски сили!

Jaguar ќе направи 250 примероци од концептниот Project 7 кој го претстави минатата година на Goodwood Фестивалот на Брзината. Задолжени за F-Type Project 7 е Special Vehicle Operations тимот на Jaguar Land Rover. Најважната разлика меѓу концептот и серискиот автомобил е второто седиште – концептот имаше само едно!

jaguar-f-type-project-7-rear

Според Jaguar, F-Type Project 7 е најбрзиот и најмоќен Jaguar кој е некогаш направен – од големиот 5-литарски компресорски V8 бензинец добива 575 коњски сили и 680 Nm вртежен момент! Благодарение на алуминиумската конструкција и каросерија, 100 километри на час пристигнуваат за 3.9 секунди а максималната брзина е електронски ограничена на 300 километри на час. За преносот е задолжен 8-степениот Quickshift пренос на Jaguar кој ја пренесува моќта кон задните тркала преку Electronic Active Differential од втората генерација. На автомобилот се вградени и карбонски кочници, како и систем за контролирање на вртежниот момент.

На крајот – не дека е важно, ама F-Type Project 7 има багажен простор со зафатнина од 197 литри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.