full screen background image
Search

Opel потврди – новата Corsa ќе ја видиме до крајот на оваа година!

Германскиот огранок на GM потврди дека новата, петта генерација на успешната и популарна Opel Corsa ќе го има своето деби до крајот на оваа година.

Според Opel, автомобилот во моментов е во финалните фази на тестирање и развој, и во моментов се прават последните тест возења за целосно да се усогласат сите компоненти, системи и делови.

Opel најави дека Corsa E ќе има целосно нова платформа со две опции – Sport и Comfort, но и дека ќе има одлично управување. Новата генерација ќе го добие и новиот 1-литарски ECOTEC турбо-бензинец со три цилиндри кој веќе се нуди кај Opel Adam и нуди 115 коњски сили.

Челниците на Opel веќе почнуваат да се фалат со новата Corsa. Според претседателот на одборот на Opel, Dr. Karl-Thomas Neumann, силните страни на три-цилиндерскиот турбо мотор – вртежниот момент, леснотијата при возењето и звукот – задно со новиот менувач и шасија се меѓу најважните позитивни страни на новата Corsa. Иако веќе се појавија фотографии на кои јасно се гледа формата на новата Corsa, официјалната премиера најверојатно ќе се случи на овогодинешниот саем на автомобили во Париз.

corsa-paris

corsa-paris-2



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.