Автомобилска уметност – Jaguar Lightweight E-Type Prototype – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автомобилска уметност – Jaguar Lightweight E-Type Prototype

Вистина е дека многу ги сакаме моделите на Jaguar, а уште поголема вистина е дека E-Type е еден од најубавите автомобили во историјата. Jaguar подготвува специјална серија од неколку екстра-лесни примероци!

Добро де, овој нов Lightweight E-Type прототип и не е толку нов. Автомобилот кој е дело на Special Vehicle Operations тимот на Jaguar Land Rover ќе го има своето деби на Pebble Beach, а е своевидно продолжување на Lightweight серијата од далечната 1963-та година кога Jaguar најави дека ќе направи 18 вакви автомобили. Тогаш биле направени само 12, па сега луѓето од SVO решиле да ја завршат работата.

Покрај потешкотиите да се направи ваков автомобил – сепак се поминати 50-тина години од почетокот на оваа „серија“ – талентираните луѓе од SVO го подготвиле овој прототип од кој застанува здивот. Убавината не е само површинска – автомобилот е рачно направен и всушност е алуминиумски монокок, со алуминумски врати и поклопци и кров кој може да биде одстранет. Во внатрешноста се кријат кожни седишта, дривен волан, алуминиумска рачка на менувачот машински-изработени прекинувачи.

За моќта е задолжен 3.8-литарски линиски 6-цилиндерски алуминиумски мотор, со три Weber карбуратори, кој испорачува вкупно 340 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон задните тркала преку 4-степен рачен менувач со блиски односи на брзините. Според Jaguar – забрзувањето е „рапидно“. Автомобилите ќе се продадат како автомобили наменети за натпревари во соодветните временски категории и ќе бидат во согласност со правилата на FIA за историски моторспорт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.