full screen background image
Search

Cadillac го претстави новиот Escalade Platinum – наменет за оние со подлабок џеб!

Омиленото возило на раперите и оние што така се чувствуваат доби специјална верзија која ќе биде на врвот на понудата – и стандардно доаѓа со 22-инчни тркала!

Escalade Platinum ќе се најде на самиот врв на понудата на големиот американски SUV. Escalade Platinum е наманет да ги привлече купувачите со подлабок џеб, благодарение на дополнителните хромирани детали (сепак зборуваме за Америка) како и големите 22-инчни тркала (да бидеме реални, само рапери ќе го купуваат ова).

Сепак, позначајни измени има во внатрепноста, каде има седишта обложени во Nappa кожа, детали изработени од квалитетни материјали и егзотични дрва. Исто така може да се добие и централна конзола обложена со кожа, централна конзола со вграден фрижидер, премиум патосници и прагови со знакчиња „Platinum“. Предните седишта се нагодуваат во 18 различни насоки (претпоставуваме дека едната насока е во некоја друга димензија) а задните седишта добиваат мултимедијален систем со 2 7-ични дисплеи вградени во предните седишта, како и дополнителен 9-инчен дисплеј вграден во кровниот тапацир.

Цената за Escalade Platinum? Малку над 90.000 долари!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.