full screen background image
Search

Hyundai го претстави новиот i20!

Hyundai ги објави првичните детали за втората генерација на урбаниот i20; сите детали ги најавува за саемот на автомобили во Париз.

Автомобилот очигледно следи еволуирана верзија на Fluidic Sculpture дизајнерскиот јазик на компанијата. Нам ни изгледа навистина подобро во однос на минатиот модел (кој според нас премногу наликуваше на Opel Corsa) и има неколку навистина интересни детали.

hyundai-i20-rear

Новиот i20 е долг 4035 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2570 милиметр – односно 45 милиметри повеќе од претходно. Благодарение на зголемувањето, за сите патници има повеќе простор за нозете – вкупно 1892 милиметри – најдобра бројка во класата, според Hyundai. Истовремено, новиот i20 ќе нуди 320 литри багажен простор.

hyundai-i20-top-front

Доколку одлучите да земете поопремена верзија, ќе добиете LED задни светла, паркинг камера и панорамски кров. LED технологијата е искористена и за дневните светла, како и позициите. Сега засега нема слики од ентериерот, но нив ги очекуваме наскоро, исто како и повеќе информации за моторите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.