full screen background image
Search

Регулаторна одлучи – бензинот поевтинува, дизелот поскапува!

Регулаторната комисија ги одреди новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поевтин бензин, но и за нијанса поскап дизел!

Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ цените ќе се намалат во просек за 0.31%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.50 денари и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 78.50, односно 80.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0.50 денари и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 67.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.