Претставен Jaguar F-Type SVR со 575 коњски сили и максимална брзина од 322 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Jaguar F-Type SVR со 575 коњски сили и максимална брзина од 322 километри на час!

Jaguar официјално ја претстави најекстремната верзија на своето спортско купе – F-Type SVR е знаменосецот на гамата кој ќе нуди 575 коњски сили!

Според она што го кажуваат луѓето од Jaguar, овој модел е направен да може да го искористи целиот потенцијал на автомобилот, но истовремено да ја задржи секојдневната корисност. Можеме да забележиме поголеми отвори за воздух на предниот дел, титаниумски издувен систем, нови, 20-инчни тркала и уште цела лепеза додатоци – а сето тоа го најавува најважното – моторот.

jag-f-type-svr3

Иако Jaguar сега за сега не ги потврдува деталите, веќе знаеме дека F-Type SVR ќе го носи истиот 5-литарски компресорски V8, но во оваа конфигурација моторот е доработен да испорачува застрашувачки 575 коњски сили и одлични 700 Nm вртежен момент. Силата ќе се пренесува кон сите четири тркала преку 8-степен менувач, а сите овие податоци најавуваат перформанси од кои застанува здивот.

jag-f-type-svr2

Според она што веќе го знаеме, на F-Type SVR ќе му требаат 3.7 секунди да го постигне бенчмаркот од 100 километри на час, и ќе продолжи да забрзува сè до импресивни 322 километри на час. Доколку го одберете кабриолетот, ќе морате да се задоволите со максимална брзина од „само“ 310 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.