full screen background image
Search

Женева 2016: Први скици од новиот концепт на Škoda – големиот VisionS SUV

Škoda го проширува своето портфолио на SUV модели – и првиот концепт кој ќе го видиме е големиот VisionS кој доаѓа со три реда седишта и ќе биде поголем од мега-успешниот Yeti!

Со VisionS чешкиот производител го комуницира својот нов, модерен дизајнерски јазик и неговата интерпретација во SUV сегментот. Новиот концептен SUV – кој се вика VisionS – ќе го има своето деби на саемот на автомобили во Женева, но познавајќи го брендот можеме да кажеме дека она што ќе го видиме на саемот на автомобили е блиску до серискиот модел.

skoda-visions-side

Тековната дизајнерска насока на Škoda го имаше своето деби со VisionC концептот во 2014, а сега таа насока се пренесува и во SUV сегментот. Со овој концепт тие покажуваат како би можел да изгледа SUV кој е поголем од успешниот Škoda Yeti – концептот е долг 4.7 метри, широк 1.91 метар и висок 1.68 метри. VisionS има три реда седишта и нуди доволно простор за возачот и шест патници.

skoda-visions-rear

 

Според скиците, можеме да очекуваме чисти, прецизни и остри линии. Скулптираните површини изгледаат модерно, а можеме да забележиме и ситни детали кои оддаваат почит кон тековните и минатите модели – оние со поостар вид ќе препознаат издвоени магленки поставени под предните светла кои не само што даваат дополнителна форма на предните светлосни групи, туку и малку асоцираат на издвоените светла кои беа толку контраверзни кај Škoda Yeti.

Наскоро ќе знаеме повеќе за новиот SUV на Škoda – саемот на автомобили во Женева започнува за точно еден месец – и тогаш ќе ги имаме сите детали за VisionS.

Поврзано:   Škoda најавува - новата Fabia ќе биде поголема, поспортска и уште побезбедна!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.