full screen background image
Search

Овој беспрекорен Mercedes-Benz 540 K Special Roadster се продаде за 9.9 милиони долари!

Иако наддавањето за овој извонреден автомобил од 1937-ма година започна на „само“ 5 милиони, тој на аукција достигна цена од неверојатни 9.9 милиони долари!

Според познавачите, ова е еден од најраните примероци на 540 K, и всушност овој примерок е пред-продукциски модел. Автомобилот оригинално бил продаден во Соединетите Американски Држави и во изминативе 79 години има поминато само 10.227 милји, односно 16.458 километри. Секако, автомобилот има целосна сервисна историја и целосно оригинален погон.

Задолжен за придвижување на овој монументален автомобил е 5.4-литарски 8-цилиндерски мотор кој има Roots компресор. Благодарение на овој компресор, моќноста се зголемува од 115 на 180 коњски сили, а сите тие коњски сили се пренесуваат кон задните тркала преку 4-степен мануелен менувач. Дополнително, овој автомобил има серво-асистирани хидраулични кочници и независна суспензија.

Навистина нема потреба повеќе да се зборува за ова ремек дело. Уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.