full screen background image
Search

Brabus го претстави својот Smart со 109 коњски сили!

Кога станува збор за „лудите професори“ од Brabus, обично очекуваме некој мега-Mercedes кој има стотици (ако не илјадници) коњски сили и неколку милијарди Nm вртежен момент – но овој пат имаме нешто друго!

Brabus ќе понуди своја варијанта на малиот Smart во сите три достапни каросериски изведби – Smart ForTwo, ForTwo Cabrio и Smart Forfour. Она што купувачите ќе го добијат е Brabus бодикит, ентериер обвиен во Nappa кожа со сиви опшивки, Brabus Performance спортска суспензија, ревидиран софтвер за управувањето и менувачот, како и Launch Control систем за малиот Smart.

smart-brabus-rear

Она што можете да го очекувате од аспект на перформанси, не е нешто спектакуларно, но сепак е интересно. Малиот Smart со доработките на Brabus има на располагање 109 коњски сили и 170 Nm вртежен момент, достапни од 0.9-литарскиот три-цилиндерски турбо-бензинец. Силата се пренесува кон задните тркала преку шест-степен менувач со двојна спојка. Забрзувањето до 100 километри на час трае 9.5 секунди, а максималната брзина е 165 километри на час.

smart-brabus-both



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.