Кога четири тркала се премногу, тогаш тука е опцијата за две тркала – но не онака како што моторџиите замислуваат!
Она што ќе го видите е дело на професионалниот возач Teri Grant и професионалниот freestyle моторциклист Lee Bowers. Grant е зад воланот, додека Bowers е задолжен за вратоломните акробации изведени врз автомобилот во движење.
„Кога Jaguar ми ја даде можноста повторно да работам со F-Pace со кој минатата година скршивме еден рекорд, не можев да кажам не. Одлично возило за возење на две тркала, а супер беше да се соработува со Lee Bowers, иако тој излезе на половина пат“ – рече Terry Grant.
Погледнете!