full screen background image
Search

Ова се дел од автомобилите од новиот Fast 8!

Осмото продолжение на Fast & Furious сериjалот делумно ќе се одвива на Исланд, па главните ѕвезди ќе мораат да добијат соодветни возила – и ова се тие!

Секако, на самиот почеток тука е неизбежниот Dodge Charger на Dominic Toretto, односно Vin Diesel. Свои возила добиваат и Tej (Ludacris), Hobbs (Dwayne Johnson), Letty (Michelle Rodriguez) и Roman (Tyrese Gibson). Tej го добива Ripsaw – полу-тенковско возило наменето за сите терени. Hobbs добива Ice Ram кој изгледа како да е направен да помине низ скоро било каква препрека. Letty добива модифицирана верзија на Rally Fighter возилото, а Roman добива малку несоодветен Lamborghini Murcielago.

Еве како изгледаат автомбилите – а за филмот ќе треба да почекаме до следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.