full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поевтинуваат по половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ бензините и дизелот поевтинуваат по половина денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.71%. Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат по половина денар. Еден литар од овие горива ќе чини 63.00, 64.50 односно 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.