full screen background image
Search

Mazda подготвува MX-5 Icon Edition за Goodwood Festival of Speed

Јапонскиот производител подготвува специјална изведба на малиот роудстер за Goowood Фестивалот на Брзината – и ја нарече MX-5 Icon Edition!

Goodwood Фестивалот на Брзината забрзано се наближува, а Mazda за оваа година подготви специјална изведба на одличниот MX-5. Јапонскиот производител ќе претстави изведба базирана на 1.5-литарската верзија на MX-5 која ја нарече Icon Edition.

Mazda MX-5 Icon ќе ја препознаете по црвените детали на страничните ретровизори, спојлерот, предниот сплитер и страничните налепници. Купувачите ќе можат да изберат меѓу Meteor Grey Mica сива боја или Crystal White Pearlescent бела боја, а ќе добијат и 16-инчни темно-сиви алуминиумски фелни. Дополнително, MX-5 Icon добива и црни кожни седишта, автоматски светла и бришачи, како и задни сензори за паркирање.

Ние добро ја познаваме новата MX-5 и на сите го препорачуваме малиот банзаи роудстер!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.