Peugeot ги претстави поспортските 3008 GT и GT-Line – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot ги претстави поспортските 3008 GT и GT-Line

Францускиот производител не зема здив – па само неколку дена по презентацијата на новиот 3008, Peugeot ги претстави неговите поспортски варијанти кои ќе ги носат ознаките GT или GT-Line!

Моделот GT е конкретен поспортски модел, додека GT-Line ќе биде ниво на опрема достапно и кај пообичните верзии. Поставен на самиот врв на 3008 гамата, 3008 GT ќе се нуди исклучиво со најмоќниот мотор достапен кај овој автомобил – 2-литарскиот BlueHDI кој испорачува 180 коњски сили. Ќе се нуди само со шест-степен автоматски менувач, а ќе добие и уникатни 19-инчни фелни обвиени во широки гуми (235/50), LED предни светла со секвенционални трпкачи, уникатна маска на ладилникот, двојни завршетоци на издувниот систем, пошироки крила и уште некои други детали кои ќе го двојат од стандардните верзии.

Во ентериерот,  купувачите кои ќе го одберат 3008 GT ќе добијат опшивки во бронзена боја, седишта обвиени делумно во алкантара или целосно во кожа, детали од вистинско дрво и хром, управувач со зарамнето дно и други спортски ситници.

Оние кои ќе сакаат само визуелно да го надградат својот 3008, ќе можат да ги добијат скоро истите детали кај моделите опремени во GT-Line нивото на опрема. Овие автомобили ќе ги добијат истите измени, освен големите 19-инлни тркала (тука заменети со 18-инчни) и нема да ги добијат проширените крила. Овој пакет ќе може да се добие со сите мотори, освен со 1.6-литарскиот BlueHDI и секако, 2-литарскиот BlueHDI 180 кој е резервиран за GT.

На самиот крај, ќе забележиме дека Peugeot сè уште не ја искористи GTi ознаката кај 3008 – дали тоа значи дека можеби во иднина ќе видиме супер-спортска варијанта од новиот SUV, која можеби би имала повеќе од 200 коњски сили? ;)

Поврзано:   Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.