full screen background image
Search

Вечерно Кино: Ford ги бара најубавите патишта за возење во Европа – Дел 2: North York Moors!

По вчерашната прва епизода на спектакуларниот Transfăgărășan, Ford не води во Велика Британија, на патот во Блејки Риџ, во Северен Јоркшир.

Патот се протега помеѓу градовите Данби на Север и Хатон Ли Хоул на Југ, во Националниот парк Норт Јорк Моорс. Долг само 15 милји, можеби е најкраткиот од овој серијал, но начинот на кој се свива околу мочурливата околина, појавувајќи слепи издигнатини и брзи, но тесни свиоци е тотално фасцинирачки.

Ford за презентирање на оваа локација го употреби новиот Focus RS – вистински рели ѕвер наменет за патиштата. Тој е погонуван од 2.3-литарски турбо-бензински агрегат кој произведува 350 кс и 440 Nm вртежен момент, кои ги испорачува преку мануелна трансмисија кон сите четири тркала.

Погледнете ја втората епизода за оваа вечер, а утре повторно се гледаме со Ford на нови патишта!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.