full screen background image
Search

Maserati Quattroporte добива мало стилско освежување

Шестата генерација на Quattroporte само што претрпе третман за обновување, три години по нејзиното лансирање.

Визуелните разлики помеѓу новиот и веќе застарениот модел се навистина тешко препознатливи дури и за вистинските фанови на Maserati. Обновениот луксузен седан доаѓа со благо редизајнирани браници, поистакната предна решетка со нови вертикални хромирани елементи и дискретно рестилизирани прагови и ретровизори.

Со цел да се подобри аеродинамиката додаден е електронски прилагодлив „воздушен затворач“ во предната решетка повеѓу отворите за вентилација и ладилникот на моторот, обезбедувајќи оптимална контрола за температурата на течностите на моторот. Потпомогнат од оптимизираните предни и задни браници, како и рамната подлога, го намалува аеродинамичкиот отпор за 10%.

wagag

Ентериерот добива редизајниран централен дел кој сега вдомува екран на допир од 8.4-инчи со висока резолуција, компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto. Дополнително, долниот дел на централната конзола е исто така редизајниран и сега доаѓа со ротациско копче за јачина и контрола на функциите.

Новиот Quattroporte ќе биде понуден во две нивоа на опрема, секое од нив со уникатен пристап кон главните темели на гените на брендот: GranLusso и GranSport. Првото е фокусирано на луксуз, додека GranSport го нагласува спортскиот карактер на Quattroporte.

Maserati-Quattroporte-3

Што се однесува до погонските единици, знаменосецот на Maserati ќе биде понуден со истата палета на мотори и трансмисии, но сепак Италијанскиот производител ќе донесе на некои пазари и верзија со 350 кс од V6 агрегатот.

Изведбата GTS ќе биде придвижувана од истиот 3.9-литарски V8 Twin-Turbo агрегат со 530 кс и 710 Nm, создаден од Ferrari. Како резултат на овие бројки се забрзување од 0-100 км/ч за 4.7 секунди и максимална брзина од 310 км/ч. 3.0-литарскиот V6 мотор ќе произведува 410 кс и 550 Nm вртежен момент, а гамата ја комплетира 3.0-литарскиот V6 дизел кој ги задржува истите перформанси.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Maserati MC20 - Со новиот супер-автомобил, Maserati храбро оди кон иднината!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.