full screen background image
Search

Несекојдневно: Off-road искуство со Nissan Navara!

По повод пристигнувањето на новата Nissan Navara во Македонија, македонскиот импортер организираше несекојдневен настан каде ги презентираше теренските способности на јапонскиот пик-ап!

Nissan Navara е вистинско повеќенаменско возило – благодарение на теренските способности, но и можностите за пренесување товар, јапонскиот пикап е меѓу најпопуларните во класата. Новата генерација ветува уште повеќе – почнувајќи од робустниот 2.3-литарски турбодизел кој испорачува 160 или 190 коњски сили, па сè до можноста да се нарача со погон на две или сите четири тркала, можност за низок степен на пренос и уште многу други вакви системи, Navara се наметнува како сериозен соработкник и партнер во сите услови. Луѓето од Nissan со гордост напоменуваат дека Navara може да пренесе повеќе од 1 тон, а може да влече дури 3.5 тони!

Аутомотив Груп организираше дружење со новата Navara на планината Бистра во маврово, и понуди несекојдневно доживување и уживање во природните убавини кои овој регион може да ги понуди, но истовремено и можност да се претстават и подобро да се запознаат можностите на повеќенаменскиот пикап на Nissan.

Наместо да ви опишуваме што и како се случуваше – полесно е да ви покажеме. Уживајте во фотографиите од Бистра и новата Nissan Navara!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.