full screen background image
Search

Renault го освежи Clio; малиот хечбек добива нов мотор и нови технологии

Поминаа четири години од премиерата на тековното Renault Clio, па францускиот производител подготви значителен фејслифт за градскиот хечбек – кој ќе добие нов мотор, нови бои и многу нови технологии!

Меѓу визуелните новитети ќе ги издвоиме LED предните и задни светла со дневни светла во C-форма, редизајнирана маска на ладилникот и редизајнирани странични прагови. Renault ќе понуди и четири нови бои кои ги нарекува Intense Red, Titanium Grey, Pearlescent White и Iron Blue. Овие бои ќе станат дел од веќе големата понуда, а во игра се и неколку нови дизајни на алуминиумски фелни.

Дополнително, Renault ги послуша купувачите, па понуди и поквалитетни материјали во ентериерот и посветено е внимание како на визуелниот, така и на квалитетот на допир на самите материјали. Меѓу новите технологии ги вбројуваме различните мултимедијални системи кои ќе можат да се нарачаат, а Renault ги нарекува MediaNav Evolution, R-Link Evolution и R&Go. Тука е и Easy Park Assist системот кој користи предни и задни сензори за паркирање, како и камера за паркирање за да го олесни маневрирањето во потесни улички. Дополнително, луѓето од Renault се горди дека новото Clio е прв автомобил од овој сегмент кој ќе добие Bose премиум аудио уред.

Важен новитет е и новиот турбодизел кој ќе се вградува во Clio. Всушност, тоа не е нов мотор, туку помоќна варијанта од добро-познатиот 1.5 dCi која сега испорачува 110 коњски сили. Овој мотор ќе може да се добие во комбинација со 6-степен мануелен меувач. Нарачките ќе започнат ова лето, а првите примероци ќе стигнат до нивните сопственици веќе во Септември.

Поврзано:   Renault го претстави малиот кросовер Kiger

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.