full screen background image
Search

Најновата генерација на PIRELLI P Zero пневматици пристигна во Македонија!

PIRELLI, светски познатиот производител на пневматици во Есторил (Португалија) ја лансираше својата најнова серија на P Zero, a денес истите тие пневматици преку нашите пријатели од Мотоцентар пристигнаа и во Македонија!

Единаесеттиот член на P Zero семејството пневматици се одликува со извонредни перформанси, максимална безбедност и стабилност на патот дури и при големи брзини, како и помала бучавост, намален отпор при тркалање како и подобрени перформанси во услови на влажен коловоз. Овие карактеристики го прават P Zero најнапреден и со најдобра технологија на денешницата.

Брендот е создаден во 1986 година за потребите на Ланчиа Делта S4 автомобилите, а веќе следната година започнува неговото користење во стандардната опрема на Ферари F40 возилата.

pirelli-cutting

Повторно, Pirelli се потпира на „Zero“ технологијата со цел да се истакне нивното лидерство во светот на производство на пневматици и да го потенцира присуството во премиум категоријата. Целта на ова е да се обележи 30 годишнината од првото појавување на P Zero. Pirelli ја лансира најновата верзија на гуми која што веќе станува легендарна во последните неколку децении заедно со сите нивни варијанти – почнувајќи од P Zero системот на Rosso, Nero, Corsa како и самото P Zero, кој беше воведен во 2007 година. Целта е да се задоволи растечката побарувачка за подобри перформанси, сигурност и безбедност и да се зајакне Perfect Fit стратегијата на Pirelli, која подразбира гуми по мерка за секој вид на возило.

Новите P Zero во моментот се најдобри гуми на пазарот, а исто така се и најсигурни кога се работи за справување со екстремната моќ на модерните супер автомобили. Ова е благодарение на новиот подслој кој што се наоѓа во гумите и со тоа се подобрува управувањето како и отпорот при тркалање, а соединението од иновативни полимери со напредни механички својства се користи за да се оптимизира ефикасноста на влажни и суви патишта. Иновативната шара со подлабоки жлебови се користи за да се исфрли вишокот на вода.

pirelli-bentley

Технологијата F1 Bead во новите P Zero е превземена директно од Формула 1 и преку користењето особено цврст материјал во изработката на лежиштето, се овозможува побрзо и попрецизно управување и се отстранува можноста за било каква неочекувана загуба на контролата при возењето во свиоци. Ова е карактеристика која го одвојува P Zero од неговите конкуренти на пазарот.

pirelli-pagani

P Zero поставува и нови стандарди кога се работи за издржливост, не само на гумите туку и на перформансите во текот на целиот век на траење.
Специфичниот дизајн на шарата на гумите е направен на начин на кој бучавата се намалува и многу помалку се слуша во внатрешноста на автомобилот, а со тоа се зголемува удобноста за време на возењето.  Комбинацијата од новите техники на моделирање, заедно со намалување на тежината на гумите и воведување на материјали кои што се богати со силикон (повеќе од 80%) доведува до намалување на отпорот при тркалање (15%), а со тоа и намалување на потрошувачката на гориво.

Pirelli гумите се дел од опремата на секое второ престижно возило низ светот. Возилата кои се сон на секој човек, како што се „Lamborghini Centenario“, „Ferrari GTC4 Lusso“, „Mercedes GT AMG“ и „Porsche Boxter“ се фабрички опремени со новите P Zero гуми.

pirelli-pzero-idze

Новите P Zero ќе се лансираат на нашиот пазар со портфолио од 60 нови хомологации. Со историја која што се пишува веќе 30 години, квалитет кој што е во чекор со најголемите достигнувања во автомобилската технологија, перфомансите, задоволството во возењето, безбедноста и возбудата што се добива при возење е само рана индикација за тоа што ќе се случува во иднина со Pirelli гумите.

Во суштина, новите P Zero ќе се делат на три главни категории – пневматици наменети за луксузни седани, пневматици наменети за спортски автомобили, и секако – на самиот врв, пневматици наменети за суперавтомобилите. Иако основата на овие пневматици е иста, сепак тие имаат разлики во шарите кои потенцираат одредени карактеристики кои се вреднуваат кај конкретната категорија на возила. На денешната презентација беше присутен и македонскиот автомобилски ас – Игор Стефановски Иџе – кој ги истакна позитивните искуства со Pirelli и ја најави продолжената соработка со водечкиот светски производител на спортски пневматици.

ИЗВОР: PR Pirelli



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.