3.9-литарскиот V8 Турбо-бензинец на Ferrari е одбран за мотор на годината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

3.9-литарскиот V8 Турбо-бензинец на Ferrari е одбран за мотор на годината

Ferrari ја освои наградата за интернационален мотор на годината за 2016 со нивниот 3.9-литарски битурбо V8 агрегат.

Новиот мотор на Ferrari всушност освои вкупно четири признанија: Нов мотор, Мотор со високи перформанси, 3-4.0-литарски мотор и најдобар мотор на годината. Моторот се користи во Ferrari 488 GTB, 488 Spider и California T.

Ferrari исто така однесе дома уште една награда за мотор во категоријата со зафатнина над 4 литри – и тоа за 6.3-литарскиот V12 мотор од F12tdf.

Наградата за мотор под 1 литар ја заслужи Ford-овиот 1.0-литарски три-цилиндарски EcoBoost турбо-бензинец, кој се вградува во речиси сите модели од гамата. Ова е петта година по ред како овој мотор е победник во својата категорија.

Во категоријата од 1.0-1.4 литри наградата ја зема 1.2-литарскиот три-цилиндарски турбо бензинец на PSA Peugeot Citroen, додека пак наградата за 1.4-1.8 литри беше предадена на 1.5-литарскиот хибриден погон кој го користи BMW i8. 2.0-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензинец на Mercedes-AMG ја освои наградата во категоријата од 1.8-2.0 литри, а 2.5-литарскиот пет-цилиндарски турбо-бензински агрегат на Audi победи во категоријата 2.0-2.5 литри.

Наградата за 2.5-3.0-литри отиде кај новиот 3.0-литарски шест-цилиндарски битурбо боксер во гамата на Porsche 911 Carrera. Последната категорија, Најдобар Зелен Мотор, ја освоија погонските единици на Tesla Model S и Model X.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.