BMW направи спектакуларен 2002 Hommage Concept за Villa D’Este – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW направи спектакуларен 2002 Hommage Concept за Villa D’Este

По повод 100-тиот роденден на брендот и 50 годишнината на моделот 2002 Turbo, BMW го создаде 2002 Hommage Concept за овогодишното издание на Concorso d’Eleganza Villa d’Este, кој се одржа од 20ти до 22ри Мај.

2002 Hommage Concept е ретро-футуристичка студија која ги сплотува историјата и иднината на брендот BMW, или поточно моделите 2002 Turbo и M2 Coupe, врз база на кој е направен концептот.

Студијата црпи неколку дизајнерски идеи од оргиналниот 2002, како единечните светлосни групи со трепачки сигнали во форма на „веѓи“ позиционирани над остриот истакнат преден дел. Според уште една стилска одлика од 1970-тите, 2002 Hommage Concept добива изразен преден браник со длабоко засечен отвор за воздух на кој се наоѓа „turbo“ ознака во боите на BMW Моторспорт.

dasegrdthyuj

На страните на автомобилот се протега хоризонтална карбонска лајсна која делува како визуелно да ја дели каросеријата на два дела, додека острите линии на проширените странични крила влечат инспирација од електричниот i8.

Во задниот дел, едноставните задни светла веднаш потсетуваат на оние на 2002 Turbo, а BMW знакот е поставен на десната страна од регистерската табличка исто како постарите модели на компанијата. Единствената поистакната разлика од оргиналниот модел се четирите издувни цевки вдомени во карбонски дифузер.

23456

Сепак, 2002 Hommage Concept не е само убаво ремек дело кое ќе ги врати сеќавањата на омилениот класичен автомобил. Секој дел е аеродинамички обликуван. Предниот сплитер не е тука само за да изгледа интересно, туку обезбедува вистинска потисна сила на предниот дел, а масивните странични крила исто така го насочуваат воздухот низ нив, додека изразениот заден спојлер е исто така целосно функционален, иако коинцидентно потсетува на оној на E46 M3 CSL.

BMW не објави информации за погонската единица, но претпоставуваме дека го позајмува истиот 3.0-литарски твин-турбо агрегат од новиот M2 Coupe, кој произведува 365 кс. Не се објавени планови за сериска изведба од студијата, но нас не би ни пречело доколку BMW го примени дизајнот со остар ајкулски нос во блиска иднина.

Поврзано:   Дамите го одбираат Women's Worldwide Car of the Year - ова се финалистите!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.