Fiat објави кратка реклама во која го потенцира чувството на слобода кое го дава возењето на кабриолетот, со цел да го одбележи лансирањето на 124 Spider во САД.
Возењето со спуштен кров во овој стилски, Италијански кабриолет лесно прави да се почувствувате слободни како птица, па дури и птиците да ви завидуваат на вашата слобода. Земајќи го во предвид фактот дека ова е првиот модел на Fiat со заден погон по неколку декади, не го обвинуваме орелот од видеото што го одбра баш овој автомобил за да слета на него.
Второто видео е верзија од 360-степени, од точка на гледиште на орелот. Погледнете ги видеата и уживајте!