full screen background image
Search

Регулаторна: Од вечерва на полноќ бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва на полноќ да ги зголеми малопродажните цени на горивата.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметување на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.06 проценти.

Тоа значи дека цената на бензините се зголемува за 1, односно 0.5 денари, и еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 62.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета, и еден литар од ова гориво ќе чини 44.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.