full screen background image
Search

Volvo ги претстави освежените S60 и V60 Polestar со нов 2-литарски агрегат

Фановите на Шведскиот вренд ќе треба да чекаат малку подолго додека Volvo да претстави Polestar изведба од новите S90 и V90, но тоа не значи дека спортскиот огранок на компанијата не работел на други проекти.

Обновените S60 седан и V60 караван на Polestar го заменија претходниот 3.0-литарски реден шест-цилиндарски агрегат за нов 2-литарски четири-цилиндричен двојно-полнет мотор, позајмен од S90 и XC90. Силата на новата погонска единица изнесува 362 кс и 470 Nm, што претставува зголемување од 17 кс и 30 Nm во споредба со претходните верзии.

Подобрените перформанси доаѓаат благодарение на поголем турбо полнач, компресор, нови клипници, пумпа за гориво со повисок капацитет и поголем довод за воздух. Сето ова му овозможува на моделот забрзување од 0-100 км/ч за 4.7 секунди кај S60 и 4.8 секунди кај V60, што е подобрување од 0.2 секунди во споредба со претходникот. Максималната брзина останува електронски ограничена на 250 км/ч.

Polestar exterior static dark shots

Polestar exterior static dark shots

Покрај дополнителната сила, Volvo тврди дека потрошувачката на гориво и емисијата на издувни CO2 гасови во двата автомобили се на ниво кое е водечко во класата, со бројки од 7.8 литри на 100 километри и 179 грама на километар кај S60 и 8.1 литар на 100 километри и 186 грама на километар кај V60.

Осум-степената автоматска Geartronic трансмисија и погонот на четири тркала се модификувани од Polestar, а исто така тие успеале и да отстранат 20 килограми од целосната тежина, која сега изнесува 1,751 kg кај S60 и 1,796 kg кај V60. Прилагоденото управување и поголемите сопирачки треба уште повеќе да ги истакнат перформансите, додека новите 20-инчни фелни ќе придонесат за посвеж изглед.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Volvo ќе стане целосно-електричен бренд, го претстави C40 Recharge!

Новите S60 и V60 Polestar модели се за сега најбрзите сериски автомобили кои оваа спортска дивизија некогаш ги направила, а со нивното претставување, компанијата ќе го прошири бројот на пазари каде моделите на Polestar се продаваат, од 13 на 47, и исто така двојно ќе го зголеми годишното производство од 750 на 1,500 единици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.