full screen background image
Search

MTM претстави VW T6 дизел хибрид со 1100 Nm вртежен момент

Новиот T6 E-Motion хибрид не излегува од производствениот погон на Volkswagen како што сугерира неговото име, туку е дело на реномираната Германска тјунерска куќа MTM.

Наместо да го опремат со поголеми турбополначи и останати традиционални начини за произведување на поголема сила, MTM создаде хибриден погон за T6, базиран на 2.0-литарскиот BiTDI агрегат.

Дизелската погонска единица со два турбополначи испорачува 240 кс и е поврзана со седум-степена трансмисија со двојна спојка. За да го постигнат саканиот ефект, инженерите од MTM додадоа пар електрични мотори со сила од 15 киловати на задната оска, правејќи го овој Т6 всушност автомобил со погон на сите тркала. Дополнителните 42 кс ја зголемуваат силата до комбинирани 282 кс и што е уште поважно нудат вкупен огромен вртежен момент од 1100 Nm.

Моделот постигнува забрзување од место до 100 км/ч за 8.2 секунди и максимална брзина од 215 км/ч. За разлика од објавената фотографија, изложениот автомобил ќе биде поставен на 20-инчни Bimoto алуминиумски фелни обвиени во 275/35 Michelin Pilot Super Sports пневматици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.