Претставена ултимативната Ford Fiesta ST200! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена ултимативната Ford Fiesta ST200!

Ford ја претстави ултимативната верзија на малата Fiesta – ќе ја носи ознаката ST200 и има – погодувате – 200 коњски сили!

Малата Fiesta ја доби својата најмоќна верзија во форма на Fiesta ST200. Најмоќната верзија ќе го носи истиот 1.6-литарски EcoBoost турбо бензинец, но со доработки кои ослободуваат дополнителни 18 коњски сили и 50 Nm вртежен момент, за вупно 200 коњски сили и 240 Nm!

Дополнително, овие бројки можат краткотрајно (15 секунди) да нараснат на 215 коњски сили и 320 Nm кога навистина ви се потребни. Останува истиот мануелен менувач, но сега Fiesta ST е 0.2 секунди побрза до 100 километри на час и максималната брзина е зголемена за дополнителни 10 километри на час – односно, 6.7 секунди и 230 километри на час.

За да не бидат измените само околу моторот, инженерите на Ford дополнително ја доработеа шасијата и управувањето, суспензијата е 15 милиметри пониска и задните сопирачки се поголема. Визуелно, ST200 ќе ја препознаете по уникатната Storm Grey сива боја и 17-инчните обработени фелни со црвени шепи од сопирачките. Во ентериерот ST200 добива уникатни седишта и уште некои ситни детали. Продажбата ќе започне наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.